Јоносфера

Област од атмосферата што се протега, приближно, од 60-80 до 500-1000 км надморска височина, во која воздухот е јонизиран, така што низ него течат позитивни јони и слободни електрони, што предизвикува тој да се однесува како електричен спроводник. Јонската густина е доволно висока за радио брановите од одреден опсег на фреквенции да се одбиваат во неа. Таа предизвикува и пречки во сигналите што ги испраќаат кон Земјата вештачките сателити. На средни географски широчини, јонизацијата во оваа атмосферска област главно се должи на апсорпцијата на одредени UV и рендгенски ленти на сончевото зрачење, додека на високи географски широчини главно ја предизвикуваат високо енергетските честички што ги носи сончевиот ветер, а кои магнетното поле на Земјата ги отклонува кон половите. Јоносферата прикажува поделба на три слоја, познати по иницијалите D, E и F. Слојот D е присутен само во текот на денот и е најнискиот од сите, а може да почне да се манифестира од околу 60 км височина. Над него се наоѓа слојот E, а уште повисоко слојот F, кој се дели на два подслоја (F1 и F2) со променлива дебелина, во зависност од тоа дали е ден или ноќ. Главните карактеристики на секој од јоносферските слоеви се детално опишани во соодветните одредници на овој речник.

Поврзани поими: Д-слој