Земја-снежна топка
Теорија што постулира постоење на неколку временски периоди, во далечното минато, во кои Земјата била целосно покриена со мраз. Хипотезата - позната и како „Земја-снежна топка“ (Snowball Earth) - била предложена во 1998 година од истражувачите од Универзитетот Харвард (САД) Пол Хофман и Даниел Шраг, врз основа на откритието на траги од мраз во определени геолошки слоеви, кои одговараат на крајот на еонот протерозоик (горен прекамбриум). Тие остатоци од првобитен мраз се пронајдени низ целата планета, што укажува дека и копнените и океанските површини на целата Земја (вклучувајќи го и екваторијалниот појас) биле покриени со дебел слој мраз, што можело да ја спушти глобалната просечна температура до –50°C. Неколку од овие суперглацијации се датирани во период што опфаќа од 800 до 550 милиони години пред денес.