атмосферска река

Еден вид релативно тесен коридор или премин, што тече низ долниот дел од атмосферата, и транспортира голема količина водена пареа од тропскиот и суптропскиот предел кон средните и високите географски широчини. Тоа е прилично нов термин, бидејќи е создаден дури на почетокот на 1990-тите, во САД. Атмосферските реки се широки неколку стотици километри и долги неколку илјади километри. Играат важна улога во хидролошкиот циклус, бидејќи се главниот механизам за хоризонтален транспорт на водена пареа во атмосферата. Во просек, истовремено на Земјата има околу десетина од нив, од кои секоја поместува количина вода (во гасовита состојба) поголема од протокот на реката Амазон. Поврзани се со низинските млазни струења што се јавуваат пред студените фронтови и циклоните на средните широчини, и се потенцијални претходници и генератори на интензивни, постојани дождови во континенталните области изложени на нив, како западниот брег на САД, атлантската фасада на Европа и Северна Африка. Дождовите поврзани со нив и засилени од орографското присилување на планините понекогаш завршуваат со катастрофални поплави.