криосфера
Составен дел на климатскиот систем што ја опфаќа целата вода што се наоѓа во цврста состојба на Земјата, било над или под површината на Земјата, и на копнените и на морските предели. Вклучува морски, езерски и речен мраз, снег наталожен на суво, глечери, големите ледени покривки (Антарктикот, Гренланд) и привремено или трајно замрзнато тло (пермафрост). Криосферата игра важна улога во климата на Земјата и е клучна за идната еволуција на глобалното затоплување. Високата рефлективна моќ на снегот и мразот (до 90% од упадното сончево зрачење) е природен регулатор на просечната планетарна температура. Помалата ледена површина подразбира поголема апсорпција на топлина на Земјата, со последователно зголемување на температурата.