Брокенски дух
Оптичка појава што се состои од издолжување на сенката на некој предмет - обично на самиот набљудувач - во правец спротивен од Сонцето над море од облаци. Најчесто, таа облачна подлога е врвот на магла или на облак од типот стратус сместен нешто над теренот. Често, горниот дел од човечката силуета што го формира Брокенскиот дух се појавува опкружен со глорија, што ѝ дава на појавата големо визуелно влијание. Го должи своето име на највисокиот врв на планините Харц, во Германија, на 1141 m надморска височина. Таму германскиот теолог и научник Јохан Езаиас Зилбершлаг (1721-1791) со зачуденост го забележал Брокенскиот дух создаден од неговата сопствена сенка, при искачување што го направил во 1780 година, и го оставил првиот познат опис на споменатата појава.