испарливи органски соединенија (ИОС)

Збир на хемиски супстанции од органско потекло, карактеризирани со својата голема испарливост. Вклучува сите јаглеводороди што се во гасовита состојба на собна температура (во нормални услови) или што брзо преминуваат од течна во гасовита состојба. Каталогизирани се повеќе од илјада такви загадувачки супстанции, распространети низ целата Земја, на места толку оддалечени како Антарктикот, длабокото море, тропските дождовни шуми или високите планини.