Ван Аленови појаси

Пар области на магнетосферата, сместени во рамнината на екваторот, во кои има висока концентрација на високоенергетски електрични честички, како резултат на интеракцијата на сончевиот ветар и космичкото зрачење со магнетното поле на Земјата. Секој од тие појаси формира торус во кој се затворени споменатите честички, сите во орбита околу Земјата. Внатрешниот појас се наоѓа на растојание од 1 до 2 земјини радиуси, а надворешниот од 3 до 4. Именувани се во чест на Џејмс А. Ван Ален (1914-2006), американскиот физичар што ги открил.

Поврзани поими: Магнетосфера