Магнетосфера
Регион што се протега од надворешниот (јонизиран) дел на атмосферата во вселената, ја опкружува целата Земја и формира заштитен штит од високоенергетските електрични полнежи што го сочинуваат сончевиот ветер. Магнетното поле на Земјата го отклонува тој проток на честички кон магнетните полови, при што интеракцијата меѓу двете се случува на околу 100.000 километри од површината на Земјата, во правец кон сонцето, на таканаречената магнетопауза. Магнетосферата не е ексклузивна за Земјата, бидејќи ја имаат и други планети од Сончевиот систем што исто така поседуваат магнетно поле.
Поврзани поими: Ван Аленови појаси