Вантропски циклон
Циклон што се формира надвор од тропскиот и суптропскиот појас. Терминот „систем на низок притисок“ е најупотребуван за негово означување, покрај генеричките термини „циклон“ и „депресија“. Неговата главна одлика е присуството во него на студено јадро со придружни фронтални системи.