рамноденица
Иако не е чисто метеоролошки поим, често се споменува во текстовите од метеорологијата и климатологијата. Етимолошки потекнува од латинскиот збор aequinoctium, настанат со спојување на латинските зборови aequus (еднаков) и noctem, nox (ноќ), од што произлегува дека одговара на денот во годината кога должината на денот и на ноќта се еднакви. Секоја година има две рамноденици, и во секој од тие денови сонцето изгрева точно на исток и заоѓа на запад. На северната хемисфера, пролетната рамноденица обично паѓа на 20 или 21 март, а есенската на 22 или 23 септември. Оваа поврзаност е обратна на јужната хемисфера. И рамноденициите и солстициумите ги означуваат промените на четирите астрономски годишни времиња на кои е поделена годината.
Поврзани поими: солстициј