кисел дожд
Дожд во кој капките содржат растворени киселини, како последица на хемиското соединување на водата со загадувачките гасови присутни во воздухот. Киселиот дожд е, значи, последица на атмосферското загадување. Може да се должи и на природни причини (вулкански ерупции) и на антропогени (атмосферски емисии). И азотните оксиди (NOx) и разните гасови што содржат сулфур, кои потекнуваат од согорувањето на јаглен и други фосилни горива, реагирајќи со водната пареа присутна во атмосферата, создаваат разни киселини, како азотна киселина (HNO3), сулфурна киселина (H2 SO4) или сулфитна киселина (H2 SO3), кои завршуваат вградени во облачните капки, а од таму во разните хидрометеори што се формираат во нив. Кога киселиот дожд (или снег) паѓа на површината на Земјата, овие хемиски супстанции се таложат на неа, предизвикувајќи штетни ефекти врз вегетацијата и закиселување на почвата и водата.