мраз (замрзнување)
Пад на температурата на воздухот на вредност еднаква или пониска од 0°C, што одговара на точката на замрзнување на чистата вода на морско ниво при нормални услови на притисок (P = 1013 hPa). Во зависност од механизмот одговорен за падот на температурата, мразовите се делат на два главни типа: 1) радијациски; и 2) адвекциски. Во земјоделството се прави разлика и меѓу бел мраз (иње) и црн мраз, во зависност од изгледот на мразот натрупан врз земјата и вегетацијата, што има различни последици за културите.