даунберст
Интензивна надолна струја на воздух што потекнува од кумулонимбус (грмотевичен облак) која, при силен удар во земјата и ширење нанадвор - во сите правци - создава многу силни ветрови со разорни последици. Каталогизирани се три видови даунберсти: 1) топол даунберст (heat burst), оној што предизвикува изразено загревање на воздухот и нагло опаѓање на амбиенталната влажност близу до површината на Земјата; 2) влажен даунберст, наречен така бидејќи е придружен со врнежи (грмотевични пљускови). Влечењето на студен воздух од страна на паѓачките дождовни капки и/или зрна град е главната причина што ја создава надолната струја; и 3) сув даунберст, без врнежи. Во овој последен случај, дождот, снегот или градот испарува/сублимира пред да стигне до земјата.