заледенување

Формирање на наслага или слој мраз врз цврсти предмети, како последица на удирот на премрзнати капки или капченца течна вода. Тоа е главната причина за авионски несреќи во светот, пред турбуленцијата во нејзините различни форми. Во аеронаутиката се посветува посебно внимание на оваа појава во лет, за што се прогнозираат облачните зони и нивоа во кои заледенувањето може да стане опасно. Во зависност од големината и количеството капки вода што се замрзнуваат со кои се среќава воздухопловот при минувањето, преку облак, брзината на натрупување мраз врз чувствителните делови од неговата структура ќе биде поголема или помала, а тоа ќе го диктира максималното време во кое воздухопловот може безбедно да лета во таа облачна средина. Во најекстремните случаи (силно заледенување), натрупувањето мраз е толку брзо (> 50 mm за 5 минути) што системите против заледенување на воздухопловот не се во состојба да го отстранат, со последователен ризик за безбедноста на летот.