метан (CH4)
Гасовит јаглеводород присутен во атмосферата. Тој е вториот гас во траги што најмногу придонесува за ефектот на стаклена градина на Земјата, зад водената пареа. Неговото потекло е и природно и антропогено. Се произведува со распаѓање на органска материја од растително потекло и се создава во големи количини во мочуришта и блатисти терени. Преживарите исто така претставуваат значаен извор на емисија. Овој безбоен, запалив гас е главна компонента на природниот гас и е дел и од останатите фосилни горива.