Липс
Името што во грчката митологија му се дава на богот на ветерот од југозапад, познат и како Либис. Тоа бил ветерот што доаѓал од Либија. На Кулата на ветровите во Атина тој е прикажан како крилест млад човек без брада, облечен во туника, со кормило од брод во рацете. Во римската митологија неговиот еквивалент бил богот на ветерот Африкус (кој доаѓал од Африка).