Линија на шквал

Тесен, издолжен појас по кој е распоредена група грмотевични бури. Ветерот нагло ја менува насоката и се засилува додека поминува оваа нефронтална линија на бури, предизвикувајќи го шквалот на кој упатува нејзиното име. Најтешките линии на шквал им претходи облачен ѕид со злокобен изглед што добива форма на ваљак (arcus). Покрај насилните налети на ветер што ги создаваат, бурите оставаат кратки но интензивни пљускови, често придружени со град.