Вентуриев ефект

Добро позната појава од динамиката на флуидите, објавена од италијанскиот физичар Џовани Батиста Вентури (1746-1822) во 1797 година, која се состои во намалување на притисокот на течност или гас што тече низ цевка, кога таа се стеснува, како последица на зголемената брзина што ја добива флуидот. Во атмосферата, Вентуриевиот ефект јасно се манифестира, и во планински премини и врвови, и во тесни терени (теснец, клисура, долина...), каде струјните линии конвергираат, со последователен локален пад на притисокот и зголемување на брзината на ветерот и пориви.