Санта Ана
Пустински ветер од североисток, сув и многу топол, прегреан со фен ефектот, што дува на југот од државата Калифорнија (САД) и најсеверниот дел од државата Долна Калифорнија (Мексико) помеѓу месеците октомври и март, достигнувајќи го својот врв во текот на декември. Своето име го должи на тоа што директно удира во долината на реката Санта Ана, каде достигнува голема интензивност. Овој ветер е предизвикан од прелевање на воздушната маса што се акумулира во Големиот Басен (огромна рамнина сместена меѓу Карпестите Планини и Сиера Невада), поради доминацијата на висок притисок над таа огромна територија на САД во споменатото време од годината.