глобално затоплување
Израз што денес е многу широко употребуван, а се однесува на зголемувањето што го доживеала просечната температура на воздухот на површината на Земјата во инструменталната ера (од средината на XIX век). Тоа зголемување главно се должи на порастот на атмосферската концентрација на стакленичките гасови, што, пак, е последица на емисиите предизвикани од масовното согорување на фосилни горива. Повремено, изразот се користи како синоним за климатска промена и глобална промена.
Поврзани поими: јаглерод диоксид (CO2)