сеш
Стојни бранови што се јавуваат на површината на езеро или море, чие потекло може да бидат мали сеизмички движења, силни ветрови или нагли промени на атмосферскиот притисок. Оваа бранова појава за прв пат ја проучувал на Женевското Езеро, во 1890 година, швајцарскиот хидролог Франсоа-Алфонс Форел (1841-1912). Периодот на осцилација може да варира од неколку минути до неколку часа. Сешот се јавува со извесна редовност на брегот на Западниот Медитеран.