Сензибилна топлина
Топлината што едно тело или супстанција ја апсорбира или ослободува додека ја менува температурата, без при тој процес да настане промена на агрегатната состојба. Во термодинамичките процеси што се случуваат во атмосферата, особено во енергетскиот биланс на Земјата, има важна улога, исто како и латентната топлина.