Нефела
Име дадено на божицата на облаците во грчката митологија. Ова божество не треба да се меша со нимфите на облаците и дождовите, познати како нефелаи (nephelai) во Античка Грција. Овие митолошки суштества биле дел од Океанидите; ќерки на титанот Океан и на Тетија. Аристофан ( ca. 450-385 п.н.е.) ги сместил овие нимфи во Етерот; горниот регион, над атмосферата и под небесниот свод.