Магнусов ефект
Добро познат ефект од динамиката на флуидите, кој во атмосферата се манифестира кај секој ротирачки предмет што се движи низ воздухот, предизвикувајќи отстапување на неговата траекторија. Првпат бил опишан во 1853 година од германскиот физичар и хемичар Хајнрих Густав Магнус (1802-1870), по кого го добил името. Неверојатните траектории што понекогаш ги добиваат фудбалските или тенисите топки за време на натпреварите се добри примери за тоа како дејствува овој ефект.