Изобара
Линија што поврзува точки со иста вредност на атмосферски притисок на дадена површина. На синоптичките карти на кои се исцртани изобари, избраната површина е средното ниво на морето, така што на тие карти (површински или изобарни) е претставено хоризонталното поле на притисокот - неговата просторна распределба - на тоа ниво. Изобарите се цртаат на редовни интервали, обично на секои 4 или на секои 5 хектопаскали.
Поврзани поими: временска карта