временска карта

Карта што претставува дадена метеоролошка ситуација за одредено географско подрачје и момент во времето; било минат, сегашен (карта на анализа или дијагностичка карта) или идна (прогностичка карта). Повеќето од овие карти вклучуваат збир од изолинии што одговараат на едно или повеќе метеоролошки полиња, како и дополнителни графички и/или нумерички информации. Постои голема разновидност на временски карти, и приземни и на горните слоеви на атмосферата. Се изработуваат и карти со временски симболи, вообичаено користени во телевизиските временски прилози. Класичната временска карта par excellence е изобарската карта, на која е претставено полето на атмосферскиот притисок на средното ниво на море (приземна карта). Временските карти се нарекуваат и синоптички, во однос на прегледот што го нудат на претставената метеоролошка ситуација. Терминот „синоптички“, кој потекнува од грчкиот збор συνοπτικός , значи токму „целокупен поглед“.