елевација

Вертикалното растојание измерено од средното ниво на морето до точка, неподвижен предмет или ниво сместено на површината на Земјата. Овој поим често се меша со поимот надморска височина (altitude), што треба да се применува само за референтни атмосферски нивоа или за точка или предмет сместен во атмосферата, како што се балон-сонда или воздухоплов. За место на копно е точно да се зборува за неговата елевација, а не за неговата височина во атмосферата.