Дагласова скала на морето

Нумеричка скала што ги класифицира различните состојби на морето од 0 до 9, според големината на брановите. Ја создал англискиот вицеадмирал Сер Хенри Перси Даглас (1876-1939) во 1919 година, за време на периодот кога ја раководел Хидрографската служба на британската Кралска морнарица. На долниот крај од скалата, степенот 0 одговара на тивко или мазно море, без бранови. На горниот крај, степенот 9 одговара на огромно море (sic), со бранови повисоки од 14 метри.

Поврзани поими: Состојба на морето