паскал (Pa)
Единица за притисок во Меѓународниот систем. Еднаква е на притисокот што го врши сила од еден њутн (1 N) применета рамномерно и нормално врз површина од еден квадратен метар. Математички се изразува како: 1 Pa = 1 N/m2. Во метеорологијата, атмосферскиот притисок се изразува во хектопаскали (hPa). Единицата е именувана во чест на францускиот научник Блез Паскал (1623-1662), кој, меѓу своите бројни придонеси во областа на математиката и природната историја, се истакнал со своите студии за притисокот што го вршат флуидите. Тој бил првиот што докажал дека атмосферскиот притисок опаѓа со висината.
Поврзани поими: Хектопаскал (hPa)