Хектопаскал (hPa)

Единица за притисок еднаква на 100 паскали. Паскалот (Pa) е единица за притисок во Меѓународниот систем (SI). Еден паскал е еднаков на притисокот што го врши сила од еден њутн (1 N) врз површина од еден квадратен метар (1 Pa = 1 N/m2). Во тој систем на единици, атмосферскиот притисок се изразува во хектопаскали. Еден хектопаскал (1 hPa) е еквивалентен на еден милибар (1 mb). Во метеорологијата, притисокот традиционално се изразуваше во милибари, но постепеното прифаќање на SI предизвика таа единица да излезе од употреба, а хектопаскалот да стане стандард.

Поврзани поими: паскал (Pa)