бранувачка

Бранови што се шират надвор од областа во која настануваат. Бранувачката, според тоа, не е создадена од локалниот ветер, туку од системи на низок притисок лоцирани доста далеку. Овие бранови низи можат да се шират на растојанија до неколку илјади километри. Бранувачката се разликува од ветерните бранови по тоа што има поправилно бранување, со многу поразмакнати бранови со заоблен изглед.

Поврзани поими: Фетч