сублимација
Промена на агрегатната состојба на материјата, директно од цврста фаза во гасовита фаза без поминување низ течната фаза. Обратниот процес (од пареа во цврсто) се нарекува обратна сублимација, иако во метеорологијата е вообичаено двата процеса - директниот и обратниот - да се нарекуваат сублимација. Формирањето на иње или растот на мразните кристали што формираат снег се резултат на сублимација на водената пареа присутна во воздухот.