Поларен фронт

Имагинарна линија каде што се спојуваат и взаемно делуваат поларните и тропски потекнатите воздушни маси. Ја означува зоната на средба на суптропските антициклони и струењата на студен воздух од поларните антициклони. Се наоѓа околу 50-55º географска широчина во лето и 35-40º во зима, во двете хемисфери. Прикажува големи бранувања, околу кои настануваат фронталните системи на низок притисок одговорни за променливото време што ги карактеризира средните географски широчини. Над него струи поларната млазна струја.