Келвинова скала
Термодинамичка температурна скала што започнува од теоретска минимална вредност, позната како апсолутна нула, која го означува целосното отсуство на енергија и, следствено, на движење (нулта молекуларна агитација). Единицата за температура на оваа скала е келвин (K), која е една од основните единици на Меѓународниот систем. Именувана е во чест на британскиот физичар и математичар Вилијам Томсон (1824-1907), познат како лорд Келвин, благодарение на неговата благородничка титула. Во 1848 година предложил дека е потребна апсолутна термометриска скала, која започнува од најниската температурна вредност што може да се постигне во природата. На Келвиновата скала (името по кое е позната и таа), на троjната точка на чистата вода ѝ е доделена температура од 273,16 K (еквивалентно на 0,01°C), додека споменатата апсолутна нула (0 K) е еднаква на –273,15°C. Постои линеарна врска меѓу оваа скала и стоградусната, така што промената од еден келвин (K) е еквивалентна на промената од еден степен Целзиусов (°C). Треба да се напомене и дека келвинот не треба да се изразува со симболот за степен (°), што се прави кај термометриските мерења на стоградусната или Фаренхајтовата скала.
Поврзани поими: температура
Познат и како: апсолутна температурна скала