дифузија

Физички процес што се одвива во флуид, преку кој се шири дадено негово својство или количина материјални честички содржани во него. Се јавува и на молекуларно ниво и преку турбулентни движења, на различни размери, како што се случува во атмосферата (турбулентна дифузија). Терминот се користи и во однос на процесот што произлегува од интеракцијата на електромагнетното зрачење со молекулите на материјалната средина низ која поминува (на пример, сончевата светлина во атмосферата), што почесто се изразува како расејување.