атмосферски слој

Секој од слоевите на кои се дели атмосферата за потребите на проучување. Нивниот број варира во зависност од употребениот критериум. Најчеста е поделбата на пет слоја (одоздола нагоре: тропосфера, стратосфера, мезосфера, термосфера и егзосфера), врз основа на вертикалната распределба на температурата. Бројот на слоеви се сведува на два ако се земат предвид физичко-хемиските својства (озоносфера и јоносфера) или составот (хетеросфера и хомосфера).