албедо

Односот меѓу светлосното зрачење (обично сончево) што се одбива од површина и она што удира врз неа. Обично се изразува во проценти (%) и овозможува да се знае одбивната моќ на дадената површина. Албедото главно зависи од три фактори: природата на одбивната површина, аголот под кој удираат сончевите зраци и бранувата должина на упадното зрачење. Додека албедото на свеж, неодамна паднат снег достигнува 85%, процентот паѓа на 25% кај тревата, меѓу 10 и 25% кај суво тло, на 10% кај влажна земја, и едвај меѓу 5 и 10% кај крошните што ги нудат шума или џунгла.