Метеоролошко предупредување

Порака изготвена од национална метеоролошка служба со која се известува за актуелни или прогнозирани метеоролошки појави што можат да претставуваат потенцијален ризик за луѓето, нивните активности и инфраструктурата, поради нивните карактеристики, засегнатото подрачје или времето на настанување. За означување на предупредувањата според нивната значајност вообичаено се користи многу интуитивен кодекс на бои. Многу често предупредувањата се мешаат со алармите. Алармите ги прогласува Цивилната заштита врз основа на предупредувањата што ѝ ги испраќа Метеоролошката служба.