топол фронт
Фронт што настанува кога маса топол воздух се лизга над маса студен воздух. На временските карти одговара на линијата на пресек меѓу површината на топлиот фронт (WFS) и површината на Земјата. Споменатата WFS е зона на поделба меѓу маса студен воздух (напред) и маса топол воздух (зад). Графички се претставува со дебела црвена линија со вметнати црвени полукругови, ориентирани во правецот во кој се движи фронтот. На топлите фронтови преовладуваат слојести облаци, со голема хоризонтална распространетост. Врнежите поврзани со нив се со променлив и испрекинат интензитет, а се јавуваат пред позицијата каде што се исцртани на картите. Во еден фронтален систем, се наоѓа пред студениот фронт.