Ненадејно стратосферско загревање
Значајна промена на стратосферскиот поларен вртлог како последица на навлегување на Росбиев бран од тропосферата во стратосферата (оддолу нагоре) и неговото „кршење“ во горниот дел на поларниот вртлог, што предизвикува негово слабеење. Како последица, тој се поместува и/или се фрагментира, што повлекува значајно поместување на студен воздух кон средните географски широчини и многу аномално загревање на воздухот во поларната стратосфера. За означување на овие настани во научната литература се користи кратенката SSW ( Sudden Stratospheric Warming ).