Неповолна метеоролошка појава (НМП)
Метеоролошка појава што е потенцијално опасна за населението. Нејзиното влијание врз луѓето може да биде директно (на пр., удар од гром) или индиректно (на пр., давење во поплава предизвикана од излевање на река, чиј проток нагло се зголемил како резултат на силен пороен дожд). Исто така е способна да предизвика материјална штета со различна сериозност.