стандардизиран индекс на врнежи
Стандардизиран индекс што се користи во климатологијата главно како показател на суша, кој за дадена локација ја изразува веројатноста за појава на одредена количина дожд, врз основа на климатологијата на таа метеоролошка променлива. Меѓународно е познат под акронимот SPI (Standardized Precipitation Index).