Море од облаци
Горната површина на еден облачен слој на која се јавуваат бранувања со многу различна амплитуда. Неговата голема сличност со површината на морето го оправдува ова име. Врвовите на слој стратус или стратокумулус, ограничен од присуството на температурна инверзија, обично формираат мориња од облаци. Можат да се набљудуваат од секоја височина над споменатата инверзија.