Морнинг глори (облак)

Голема облачна лента, слична на ваљестиот облак, што се појавува во некои пролетни утра во Заливот Карпентарија, во северна Австралија, во синоптичка ситуација на атмосферска стабилност. Тоа е најважниот пример на облачниот вид volutus. Тоа е алтокумулус со цевеста структура - познат на меѓународно ниво како Morning Glory - што може да надмине 1.000 km во должина и да биде висок од 1 до 2 km. Ротирачките струи околу него можат да достигнат брзини од 60 km/h. Се јавува во присуство на гравитациони бранови, во комбинација со особениот режим на крајбрежен ветрец во областа. Неговата појава привлекува љубители на слободен лет (змејарство/параглајдинг) од целиот свет.