озонски слој
Атмосферска област - позната и како озонска обвивка - која зафаќа најголем дел од стратосферата, а се протега од околу 12 до 40 километри надморска височина. Во неа процентот на озон е релативно висок, а најголема концентрација достигнува меѓу околу 20 и 25 км. Озонскиот слој стана широко познат во 1980-тите години, кога над Антарктикот за време на јужната пролет беше забележана значителна загуба на тој гас (т.н. „озонска дупка“), која недвосмислено беше поврзана со атмосферските емисии на соединенија од хлорофлуоровглеродите (CFC) од антропогено потекло.
Поврзани поими: хлорофлуороугленоводороди
Познат и како: озоносфера