нимбус

Латински збор што значи дождовен облак. Терминот го користел англискиот фармацевт Лук Хауард (1772-1864) во својата класификација на облаците, а потоа станал дел од латинските имиња на двата рода облаци што секогаш создаваат врнежи (Nimbostratus и Cumulonimbus).