кален дожд

Дожд во кој капките содржат висока концентрација на минерална прашина, најчесто потекнувана од пустинско подрачје. Дел од овие цврсти честички делуваат како кондензациони јадра врз кои растат дождовните капки, а остатокот - најголемиот дел - се вградува во нив од прашливиот воздух во кој се формираат и паѓаат. Сите овие материјали се таложат на земјата и на предметите на неа, откако, по извесно време, дождовната вода ќе испари. Овие валкани дождови се познати и како кални дождови, крвави дождови или дождови од крв.

Поврзани поими: крвав дожд