Огнен вител / огнено торнадо
Огнен вртлог што расте нагоре, вертикално, чиј изглед потсетува на прашински вител или водена пијавица. Појавата колоквијално е позната како „огнено торнадо“. Кога, при шумски пожар, многу топлиот воздух се врти додека се искачува, пламените се завиткуваат околу конвективниот столб и се искачуваат низ него спирално, што резултира во огнен вртлог. Неговите типични димензии се од 10 до 50 метри во висина и неколку метри во ширина. Обично трае од 1 до 5 минути, иако во исклучителни случаи можат да траат подолго и да бидат поголеми.
Познат и како: огнен вител