еквилукс

Секој од двата дена во годината во кои, на дадено место, има точно 12 часа светлина (со инсолација) и 12 темнина (без неа). Поради аголната ширина на сончевиот диск (приближно 32' лак), не се совпаѓа со рамноденицата, при што пролетниот еквилукс се јавува неколку дена пред рамноденицата со исто име, а есенскиот неколку дена потоа. На рамноденициците должината на денот и ноќта се изедначува, но се смета дека изгрејсонцето настанува кога централната точка на неговиот диск ќе се појави над хоризонтот, а зајдисонцето кога таа точка ќе зајде под него.