молња на Кататумбо

Единствена метеоролошка појава од електрична природа, што се развива над простран мочурлив предел кој ги опфаќа југозападниот крај на езерото Маракаибо и долниот слив на реката Кататумбо, по која го добила името, во Венецуела. Тоа е речиси непрекинато блеснување на молњи, поради трескавата грмотевична активност што вообичаено се одвива во областа.